Сега веќе е јасно. По завршување на сезоната Чави Ернандез нема веќе да биде тренер на Барселона. Клупската легенда прво за тоа го информирал претседателот Хоан Лапорта, а потоа јавно пред медиумите истакна дека неговата работа во Барса ќе заврши во јуни.
Дека Чави и тоа како има респект кон својата Барселона, доказ за тоа е и фактот, така барем известуваат денеска медиумите во Шпанија, што тој ќе и прости на Барса дури 8 милиони евра. Имено Чави самиот побарал од Лапорта да не му се исплаќа отпремнината до јуни 2025 до кога има договор и до кога има право и треба да биде плаќан од клубот.
И тоа не е се. Покрај Чави и неговите соработници побарале да не им се исплаќа отпремнината во износ од 5 милиони евра, а тоа значи дека Барса ќе заштеди 13 милиони евра.
Секоја чест за Чави, ете така се сака својот клуб.