Јаник Синер го освои својот прв Грен слем во кариерата, откако го совлада по пресвртот Данил Медведев на Австралијан Опен. Откако се сликаше во Ботаничката градина, тој одговараше на новинарски прашања.
„Освојувањето на првиот Грен слем овде во Мелбурн ми даде неверојатни чувства, но од денес се враќаме реживот ден за ден“, рече Синер.
На прашањето дали размислувал на тоа дека Новак Ѓоковиќ го има подигнато пехарот по 10-ти пат, Синер скромно одговори:
„Новак е во посебна лига во однос на мене, но јас сум задоволен со овој еден пехар“.
Една од првите честитки по освојувањето на титулата на Австралија опен, Синер ја доби од својот голем ривал Карлос Алкараз.
„Алкараз и јас сме големи ривали на теренот и пријатели надвор од него, а тој однос ни помага и двајцата да се развиваме понатаму. Има многу млади играчи до нас кои се многу конкурентни и ќе биде многу интересно да се следи насоката во која тенисот ќе се развие“, заклучи Синер.