Даниел Аврамовски го постигна својот втор гол оваа сезона за екипата на Болуспор во вечерашната победа против Шанлиуфаспор.
28-годишниот македонски интернационалец ја затресе мрежата во 50-тата минута на асистенција на Чичек. Аврамовски е еден од најдобрите поединци во екипата на Болуспор, откако пристигна во Турција од екипата на Сараево оваа зима.
Болуспор во моментов се наоѓа на 9-тата позиција на табелата со вкупно освоени 29 бода.
🇹🇷 Goal: Daniel Avramovski | Şanlıurfaspor 0-1 Boluspor pic.twitter.com/6ehReaUiUM
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 29, 2024