Ал Итихад не му дозволува на Бензема да се врати во Европа

375

Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема нема дозвола да се врати во Европа. Саудискиот Ал Итихад изрично потврдил дека Бензема нема да добие дозвола да се врати назад во Европа, без разликашто тој не сака повеќе да игра за клубот.

Според информациите, раководството на актуелниот клуб на Французинот може да му дозволи да замине само во друг клуб во Саудиска Арабија. Ријад е дом на тимови како Ал Наср, каде игра португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо и Ал Хилал, каде играат бразилските напаѓачи Нејмар и Малком.

Договорот на Бензема со саудискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Претходно„Марка“: Лапорта го сака Де Зерби на клупата на Барса следната сезона
СледноЗеленортските острови се пласираа во четвртфиналето на КАН