Денеска на својот прв пријателски меч од подготовките во Улцињ (Црна Гора), екипата на Воска со 2:1 славеше против Морнар, тим од Суперлигата во Црна Гора.
Првото полувреме им припаднало на Црногорците со 1:0, но во второто полувреме со головите на Јахја и Ачимовиќ, тимот од Охрид со пресврт и 2:1 успеал да дојде до победата. Во овој период Јахја, кој оваа зима дојде во Воска од таборот на шампиопнот, Струга ТЛ, не искористил и пенал.
Во следните неколку дена од подготовките во Улцињ, фудбалерите на Воска ќе одиграат уште неколку вакви пријателски средби.