Боксерскиот шампион во верзиите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија Украинецот Александар Усик изјави дека не мора радикално да ја менува својата подготовка за во најдобра форма да ја пречека битката со носителот на титулата на ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури .
„Нема потреба да правам големи корекции. Се подготвував за тоа многу години, уште откако го победив Владимир Кличко. Тој не знаеше за мене затоа што не сум толку позната личност во светот на боксот. И јас се подготвував за Ентони Џошуа од самиот почеток, кога почнав во професионалниот бокс“, изјави Усик.
Претходно стана јасно дека Фјури и Усик потпишале договори за борба за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија, која ќе се одржи на 17 февруари во Ријад (Саудиска Арабија). Познато е дека хонорарот на Фјури ќе надмине 100 милиони долари.