Со месеци трае тензијата меѓу Агон Елези и неговиот хрватски клуб Вараждин за кој репрезентативниот играч за врска нема настап од 5 ноември. Македонскиот репрезентативец не сака да го продолжи договорот со неговиот актуелен клуб, а причина за тоа е неговата желба да замине во друга средина.
Хрватските медиуми утрово најавија де Бохум е следниот предизвик за Агон Елези кој во наредниве неколку дена треба да го комплетира трансферот во Бундеслигата. Клуб кој е на 14 место во Германија и голем предизвик за самиот Елези.
Според најавите во ноември фудбалерот имал понуда од Клагенфурт од Австрија и тој размислувал за трансфер во таа екипа, но Вараждин сега наместо голманот Оливер Зеленика во Бохум го дава репрезентативецот на Македонија.