Мали преку Буркина Фасо до четвртфинале на КАН

50

Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва беа подобри од селекцијата на Буркина Фасо со 2:1.

Мали во четвртфиналето ќе игра против домаќинот Брегот на Слоновата Коска, кој вчера го запре Сенегал.

Головите за Мали денеска ги постигнаа Тапсоба (автогол) во 3. минута и Синајоко во 47. минута, додека единствениот гол за Буркина Фасо беше дело на Бертранд Траоре, кој беше прецизен од белата точка во 57. минута.

ПретходноКлинсман подобар од Манчини: Ј. Кореја на пенали ја елиминираше С. Арабија
СледноЧовекот кој донесе титула на „Енфилд“ одби да биде нов директор на „црвените“