Повеќе Германци го гледале финалето на ЕП отколку нивниот меч за бронза!

115

На големите натпреварувања со нетрпение се следат и на ТВ екраните. Зад нас е Европското првенство и секако на крајот доаѓа статистиката за гледаноста на ракометните натпревари.

Кумулативно, таа е најголема во Германија, каде што е забележан рекорд за време на полуфиналето на домашната селекција и селекцијата на Данска, која ја погледнале речиси 9,7 милиони луѓе.

По поразот од Данска, интересот се намали, па мечот за бронза во неделата рано попладне во непопуларен термин го следеа 4,7 милиони Германци. Дури и финалето меѓу Франција и Данска беше нешто погледано со 4.734.000 следбеници, што доволно говори за Германците како спортска нација.

ПретходноШенчур прв на патот на МЗТ Скопје во Нови Сад!
СледноСевиља потврди разделба со Ракитиќ