Пропадна трансферот на Мојс Кин во Атлетико (М)

131

Напаѓачот на Јувентус, Мојс Кин нема да му се приклучи на Атлетико Мадрид откако не ги помина медицинските прегледи, објави весникот „Марка“.

Прегледите покажале дека играчот на Јувентус има повреда поради која ќе биде надвор од терените најмалку 4 недели. Ова е значаен период, поради што е бесмислено мадридскиот тим да го ангажира само за неколку месеци.

Мојс Кин добиваше мала минутажа во текот на сезоната во Јувентус и сакаше да се пресели во нов тим за да добие повеќе шанси за настап. Атлетико Мадрид требаше да плати половина милион евра за наемнина за 6 месеци.

ПретходноЈовановски и Карановиќ ќе учествуваат на Собранието на БВА во Софија
СледноНевидено: Ирачките новинари сакаа да го тепаат селекторот по елиминацијата на Азискиот куп (ВИДЕО)