Просинечки ќе биде нов селектор на Гана?

189

Роберт Просинечки е еден од кандидатите за преземање на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Гана. Гана е во потрага по нов селектор по катастрофата на Африканскиот куп на нации со Ирецот Крис Хјутон.

„Црните ѕвезди“ не успеаја да ја минат групата во која беа Египет, Зеленортските Острови и Мозамбик. Просинечки го испратил своето „си-ви“ до Фудбалскиот сојуз на оваа земја и ја чека одлуката.

Во следните три недели челниците на Федерацијата на Гана ќе ги разгледаат сите поднесени кандидатури, а потоа ќе донесат одлука кој ќе ја преземе репрезентацијата.

Роберт Просинечки е невработен од септември минатата година, кога раскина со хрватски Рудеш.

ПретходноАрсенал славеше кај „шумарите“ и се врати на минус два зад Ливерпул
СледноМЗТ Скопје ја доби драмата со Шенчур (ФОТО)