Јовановски и Карановиќ ќе учествуваат на Собранието на БВА во Софија

90

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот сектерат Зоран Карановиќ в петок во Софија ќе бидат дел од новото Генерално собрание на Балканската одбојкарска асоцијација. Според најавата на Асоцијацијата, на Собранието ќе се разговара за тековните активности во младите категории за 2024 година.

„Комплетната агенда се уште ја немаме добиено, но според искуството, главен акцент на Собранието ќе биде ставено на организацијата на младинските балкански првенства. Ќе се утврдуваат кандидатурите за организатори и на натпреварите во одбојка и во одбојка на плажа. Исто така ќе дојде до промена и на позицијата на претседател на БВА. Досегашниот претседател Љубомир Ганев ќе го предаде кормилото на следната федерација која според договорот за ротација ќе биде следна претседавач со Балканската федерација“, ни потврди Карановиќ.

Меѓу гостите се очекуваат и претседателот на Европската конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ и потпретседателот Ренато Арена.

ПретходноРома се засили со шпански бек
СледноПропадна трансферот на Мојс Кин во Атлетико (М)