Анди Шмит стави крај на кариерата

126

Најголемата ѕвезда на швајцарскиот ракомет, Анди Шмит објави дека ја завршува ракометната кариера. Дуелот со Македонија на Еп во Берлин, на кој Шмит постигна 12 гола и стана најдобар стрелец во историјата на швајцарскиот ракомет му беше последен во кариерата.
Тој одлучи да не ја доигра сезоната ниту во својот клуб Криенс Луцерн и покрај тоа што има договор до јуни. Инаку Шмит најверојатно ќе стане нов селектор на Швајцарија. Во мај оваа репрезентација ќе игра против Словенија во баражот за пласман на СП 2025.

ПретходноБрера загуби од Рух, трет пораз на подготовките во Турција (видео)
СледноВардарци го совладаа Врање во последниот контролен меч