Артета: Не можев да поверувам што напишаа!

234

Микел Артета на крајот од сезоната го напушта Арсенал и ја презема Барселона. Оваа вест ја пренесе во неделата каталонскиот весник „Спорт“. Споменатите шпански медиуми истакнаа дека тренерот на Арсенал би можел да биде замена за Чави, кој неодамна изјави дека ќе си замине во јуни.

Не требаше многу време за реакцијата на Шпанецот кој израсна во Барса, а најголема трага во кариерата остави во Арсенал.

“Лажни вести. Многу сум лут поради тоа. Дефинитивно нема да го напуштам клубот на лето. Не можев да верувам што прочитав. Не можев да поверувам што напишаа, не знам од каде доаѓа или кои се изворите. Мора да бидете внимателни кога зборувате за работи кои можат да влијаат на другите луѓе. Во овој момент сум на вистинското место со вистинските луѓе“, порача Артета.

ПретходноАгон Елези прави „бундес“ трансфер во Бохум!
СледноВан Дијк: Не знам што е следно за мене после Клоп