Македонскиот прволигаш Брегалница ги засили своите редови со Ремзифаик Селмани, кој е искусен играч од нападот и е големо засилување за штипјани за пролетниот дел од сезоната. Во тимот од него очекуваат да ја подобри ефикасноста која беше слаба во првиот дел од сезоната.
Родум од Џепчиште, фудбалските чекори Реми ги започнува во Ренова, каде по само 2 сезони заминува во Унгарија, во Ујпешт. Во кариерата, има настапувано уште за Шкендија, Љапи (Косово), уште 2 сезони во Ренова, каде е најдобар стрелец во ПМФЛ, Мезоковеж (Унгарија), Партизани (Албанија), а последен клуб му е Гостивар. Селмани има 26 години и доаѓа како слободен играч. Има настапувано во сите младински категории за репрезентацијата на Македонија.