Брера ќе има најмлад капитен во ПМФЛ – Марко Алчевски!

985

Веќе неколку дена фудбалрите на Брера Струмица се на подготовки во Анталија каде тимот се подготвува за пролетниот дел од сезоната. Бојан Круљ од Србија го наследи Валенти од Италија на клупата на екипата, а зимава во „зелено-црните“ се случија и големи промени воиграчкиот кадар. Замина Ване Крстевски во Шкендија за 100.000 евра отштета, а доведени се неколку странци кои својата вредност треба да ја потврдат низ натпреварите кои следат.

Меѓу оние кои заминаа е и Марио Врдољак, фудбалерот кој есеноска ја носеше капитенската лента во клубот. Таа улога сега му е доделена на младиот голман Марко Алчевски. Тој со 21 година ќе биде најмладиот капитен на една екипа во Првата лига на Македонија. Паметна и подлична одлука затоа што станува збор за голманот кој е чувар на мрежата на нашата репрезентација до 21 година. Алчевски е предводник на млдата гарда во Брера која треба да му донесе опстанок во елитата на клубот од Струмица.

ПретходноНовак се повлече од еден турнир, ќе му бидат одземени нови поени
СледноПоранешна НБА ѕвезда уапсена поради оружје и дрога