Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, објави дека во оваа фаза не е сигурен за својата иднина во клубот. Неговиот договор е до летото 2025 година и досега се чини дека темата не е покрената, но веста за претстојното пензионирање на Јирген Клоп може да ги промени работите.
„Дали се гледам себеси во клубот и во ерата по Клоп? Не знам, тоа е тешко прашање“, изјави 32-годишниот дефанзивец и продолжи:
„Имам уште 18 месеци од договорот, но не сум сигурен што ќе се случи. Јасно е дека клубот има работа. Да го смените не само менаџерот, туку и неговиот тим – тоа е многу работа. Љубопитен сум во која насока ќе оди клубот. Кога тоа ќе стане јасно, тогаш ќе зборуваме и за мојата иднина. Но, во моментов сè уште сме дел од ерата на Клоп и треба да се фокусираме на сегашноста. Да си посакаме еден на друг успешен крај на сезоната и само откако ќе заврши ќе има поголема јасност за тоа што сака клубот за својата иднина. Очигледно, работите ќе се променат по заминувањето на Клоп, но сега не е така, поради што мораме да продолжиме да го правиме она што го правевме“, изјави тој.