Вардарци го совладаа Врање во последниот контролен меч

190

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната, ракометарите на Вардар одиграа контролен меч против Врање од Србија, што го добија „црвено-црните“ со 28:22 (15:15).
„Вардарци“ во најголем дел од средбата имаа водство, а решавачката предност беше направена во второто полувреме, кога го имаа највисокото водство 24:18 во 42 минута.
Состав на Вардар: Томовски (8 одбрани), Гогов (5 одбрани), Богдановски (1 одбрана), Петриќ 6, Лазаревски, Јагуриновски 4, Мишевски, Ѓукиќ 4, Срдановиќ 3, Карапалевски 3, Николиќ, Родригез 1, Георгиевски 2, Аларов 2, Мело, Стојановски 1, Атанасовски, Ќосевски.

ПретходноАнди Шмит стави крај на кариерата
СледноГотово е! Бохум се пофали со Агон Елези