Македонскиот дефанзивен играч за врска, Агон Елези официјално е нов член на Бохум. Ова денеска го објави и бундеслигашот, а 22-годишниот репрезентативец на Македонија доаѓа од редовите на Вараждин, Хрватска.
Елези е поранешен играч на Шкупи и на албански Скендербег.
Своето деби за Бохум може да го направи претстојниот викенд против Аугзбург, а на 2 март ќе гледаме македонски дуел во Бундес лигата – Елези против Елмас.