Швајцарката Лара Гут-Бехрами е победничка на денешниот велеслалом во италијански Кронплац во рамките на Светскиот куп. Тоа е нејзина трета победа сезонава, а вкупно 42 во кариерата.
Второто и третото место го освоија Сара Хектор од Шведска и Алис Робинсон од Австралија. Софија Гоџа по одличната втора трка се најде на петтото место, четврта е Мовинкел од Норвешка. Брињоне заврши шеста, Зринк Љутиќ од Хрватска на седмото место, следуваат Раст од Швајцарија, Шајб од Австрија и Басино од Италија…
Следните трки се во Андора на 10 и 11 февруари во велеслалом и слалом.