Дојде денот Д – Лука Модриќ ја донесе конечната одлука!

4213

Дали Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид или не, е прашање со кое љубителите на фудбалот се соочуваат со месеци, а приказната е се посилна секој ден, но сега, кога стигнавме до 30 декември, последниот ден од преодниот рок во Саудиска Арабија, работите се сосема јасни.

Лука Модриќ оваа сезона нема толку важна улога во тимот на Реал како во некои претходни сезони, иако Хрватот никогаш јавно не се побуни поради тоа, но сепак се однесува како голем професионалец и ја користи секоја можност што му ја дава Карло Анчелоти на најдобар начин.

Но, годините си го направија своето, Италијанецот со нетрпение очекува да се потпре на некои помлади сили и да го подготви тимот за иднината, додека ерата на Модриќ во Мадрид полека завршува. Не беше целосно познато дали играчот од средниот ред ќе замине зимава или само на крајот од сезоната, но сега се е познато.

Имено, Лука поради љубовта кон Реал не сака да си замине пред крајот на сезоната. Како што рече, овој клуб му подари пет ЛШ и Златна топка, а кога ќе дојде време да си замине, сака тоа да го направи на посебен начин, со големо збогување што клубот ќе го даде на една од своите легенди.

Во својата долга кариера во Реал Мадрид одигра дури 512 натпревари, постигна 38 гола и забележа 84 асистенции. Минатата сезона одигра 52 натпревари, 34 како стартер.

На половина од тековната сезона тој настапи на 24 натпревари, 14 пати во стартните единаесет. Постепеното менување на генерацијата во корист на младите играчи од средниот ред и ѕвезди како Камавинга, Валверде и Чоамени влијае на неговата важност.

Модриќ, сепак, никогаш не сакаше да се откаже од дресот на Хрватска, па следното лето ќе ја претставува својата репрезентација на ЕП 2024

ПретходноБалотели предизвика жестоки реакции поради скандалозното видео посветено на Путин
СледноВардар се раздели со српскиот младински репрезентативец