НБА памети само шест вакви партии, а Дончиќ е сопственикот на две (ВИДЕО)

1786

Лука Дончиќ постигна 45 поени, додаде девет скока и 15 асистенции, а Далас Маверикс ја надополни негативата од 16 поени против Орландо Меџик и победи со 131:129. Словенечката суперѕвезда на предминатиот натпревар постигна 73 поени, на претходниот натпревар имаше 17 асистенции, а на овој уште еднаш ги помести границите и влезе во историјата.

Само пет играчи во историјата на лигата одиграа натпревар во кој имаа најмалку 45 поени и најмалку 15 асистенции. Прва тоа го направи Гудрич во 1969 година, потоа Ајзеја Томас во 1983 година, а потоа такви игри одиграа и Џејмс Харден, Тре Јанг и Дончиќ. Дончиќ е единствениот кој двапати го постигнал ова, што го издвојува од останатите. Посебно е фасцинантно што тој за прв пат одигра ваква игра минатата година на Божиќ, а ја повтори за нешто повеќе од еден месец.

До 45 поени стигна со 12/23 од поле и 18/21 од линијата за слободни фрлања, а Далас победи со големиот придонес на Тим Хардавеј Јуниор. Тој постигна 13 од своите 36 поени во последната четвртина од натпреварот.

Резултати: Шарлот – Њујорк 92:113, Кливленд – ЛА Клиперс 118:108, Бостон – Њу Орлеанс 118:112, Бруклин – Јута 147:114, Мајами – Феникс 105:118, Хјустон – ЛА Лејкерс 135:119, Мемфис – Сакраменто 94:103, Оклахома сити – Минесота 101:107, Сан Антонио – Вашингон 113:118, Далас – Орландо 131:129, Денвер – Милвоки 113:107, Портланд – Филаделфија 130:104.

ПретходноТФТ за „влакно“ не успеа до втора победа во АБА 2 лигата
СледноСлучајот Конте и Милан – добива завршница!