Невидено: Ирачките новинари сакаа да го тепаат селекторот по елиминацијата на Азискиот куп (ВИДЕО)

819

Ирачките новинари се обидоа физички да се пресметаат со селекторот на фудбалската репрезентација Хесус Касас по поразот од Јордан (3:2) во осминафиналето на Азискиот куп.

На прес-конференцијата по завршувањето на драматичниот дуел, новинарите го критикуваа селекторот дека дава интервјуа, наместо да се фокусира на претстојните дуели.

„Ниту еден од тренерите кои продолжија не даваше интервјуа пред натпреварите. Како можеше да помислиш на тоа? Срамота“, извика еден од ирачките новинари, а потоа заедно со колегите се упати кон Шпанецот, поради што реагираше обезбедувањето во Катар.

Ирачката фудбалска федерација ги осуди немилите настани и ги нарече „болни сцени“ и „одвратно и невнимателно однесување насочено против селекторот Касас“.

Шпанецот изјави дека вакво нешто не му се случило во кариерата.

ПретходноПропадна трансферот на Мојс Кин во Атлетико (М)
СледноКлинсман подобар од Манчини: Ј. Кореја на пенали ја елиминираше С. Арабија