Новак се повлече од еден турнир, ќе му бидат одземени нови поени

4032

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Организаторите ги објавија имињата на учесниците кои се на програмата од 26 февруари до 2 март, а на неа го нема српскиот тенисер.

Новак минатата сезона стигна до полуфиналето, но таму беше запрен од Данил Медведев. Тоа значи дека на крајот на февруари на Новак ќе му бидат одземени уште 180 поени освоени во 2023 година.

На Ѓоковиќ овој понеделник му беа одземени 1.200 бода поради тоа што не ја одбрани титулата во Мелбурн, но сепак останува број еден во светот.

Тој има 9.855 поени, Карлос Алкараз има 600 помалку, а трети и четврти се Данил Медведев (8.765) и Јаник Синер (8.310).

На сајтот на Новак беше објавено дека следен турнир на кој ќе настапи ќе биде Мастерсот во Индијан Велс кој ќе се игра од 6. до 17. март.

Ѓоковиќ лани не играше во Калифорнија, ниту на Мастерсот во Мајами.

ПретходноСлучајот Конте и Милан – добива завршница!
СледноБрера ќе има најмлад капитен во ПМФЛ – Марко Алчевски!