Познати се сите контролни средби кои ќе ги одигра селекцијата на Македонија до стартот на новото натпреварување од Лигата на нации кое се игра на есен.
Новиот мандат на селекторот Благоја Милевски почнува со пријателскиот меч на 21 март и тоа против селекцијата на Молдавија. Средбата ќе се игра во познатиот турски центар Анталија, а таму на 25 март нашиот национален тим ќе ги одмери силите и со селекцијата на Црна Гора.
Во јунските термини закажани се уште два пријателски натпревари, на 3 јуни гостуваме на Хрватска во Ријека, а на 10 јуни на Чешка во Прага.
На 8 февруари Македонија ќе ги дознае противниците во Групата Ц од новото издание на Лигата на нациите.