Роберт Просинечки е еден од кандидатите за преземање на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Гана. Гана е во потрага по нов селектор по катастрофата на Африканскиот куп на нации со Ирецот Крис Хјутон.
„Црните ѕвезди“ не успеаја да ја минат групата во која беа Египет, Зеленортските Острови и Мозамбик. Просинечки го испратил своето „си-ви“ до Фудбалскиот сојуз на оваа земја и ја чека одлуката.
Во следните три недели челниците на Федерацијата на Гана ќе ги разгледаат сите поднесени кандидатури, а потоа ќе донесат одлука кој ќе ја преземе репрезентацијата.
Роберт Просинечки е невработен од септември минатата година, кога раскина со хрватски Рудеш.