Рома се засили со шпански бек

161

Италијанската Рома го објави трансферот на левиот бек Анхелино. Се работи за позајмица до крајот на сезоната, а играчот доаѓа од редовите на РБ Лајпциг кој ги има неговите права.
Првиот дел од сезоната Анхелино ги помина во Галатасарај за кој одигра 18 натпревари од кои само осум во Супер лигата. Рома има право да го откупи неговиот договор за 5 милиони евра.
Инаку Анхелино пред Лајпциг беше во Манчестер Сити и во ПСВ Ајндховен, играше и како позајмен во Хофенхајм, Мајорка и НАЦ Бреда.

ПретходноТебас: Ако почне Супер лигата, поднесувам оставка, шпанскиот фудбал ќе биде во колапс
СледноЈовановски и Карановиќ ќе учествуваат на Собранието на БВА во Софија