Случајот Конте и Милан – добива завршница!

1499

Антонио Конте речиси сигурно ќе го преземе Милан од ова лето. Во последните денови се појавија многу гласини дека „росонерите“ се заинтересирани за можноста да го назначат за тренер, а сега се тврди дека тој кажал „да“ на понудата.

Советникот на Милан, Златан Ибрахимовиќ лично разговарал со Конте за да го убеди да ја прифати понудата на росонерите. по што раководството на клубот стапило во контакт, средбата е остварена, а понудата прифатена.

Така Конте на чело на Милан ќе го замени досегашниот тренер Стефано Пиоли. 58-годишниот фудбалер ги предводеше „росонерите“ до титулата пред две години, но оваа сезона перформансите на тимот паѓаат и тоа ги убеди шефовите дека е време за промена.

Конте, пак, последен пат беше на чело на Тотенхем, но се раздели со клубот со заедничка согласност во март 2023 година.

ПретходноНБА памети само шест вакви партии, а Дончиќ е сопственикот на две (ВИДЕО)
СледноНовак се повлече од еден турнир, ќе му бидат одземени нови поени