Ц. Звезда лесно најде „рецепт“ за Валенсија, победи и за Фенер и Олимпијакос

163

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Валенсија со 82:64 во 24. коло од Евролигата и со тоа на одличен начин го започнаа двојното коло оваа седмица. „Црвено-белите“ го забележаа 10. триумф и со тоа се израмнија со Армани на 12. позиција во Евролигата.

Оваа победа на домашните им беше и реванш за поразот претрпен претходно во салата „Сан Луис“ на 6 декември. Тогаш шпанскиот тим ја прекина серијата лоши игри и резултати со триумф над белграѓани од 85:81.

Најдобар кај Ц. Звезда беше експлозивниот Немања Недовиќ со 27 поени, додека кај Валенсија Крис Џонс со 11 беше најефикасен.

Вечерва Фенербахче славеше на гостувањето кај Асвел со 83:73, додека Олимпијакос беа проблеми пред своја публика ја совлада Алба со 101:87.

ПретходноНа 45 години Двејн Чемберс се бори за место на Светското првенство во атлетика
СледноАрсенал славеше кај „шумарите“ и се врати на минус два зад Ливерпул