Раководството на Ливерпул деновиве било во интензивен контакт со поранешниот спортски директор на клубот, Мајкл Едвард, кому му е понудено директорското место за следната сезона. Сепак, според информациите на Фабрицио Романо, Едвардс го одбил својот поранешен клуб.
Според изворот, шефовите на Ливерпул сакале Едвардс да го реструктуира клубот. Нагласено е дека тој ја одбил оваа понуда од англискиот клуб, бидејќи моментално не е заинтересиран за таква работа.
Едвардс работеше како дел од структурата на Ливерпул од 2011 година, приклучувајќи е како главен аналитичар на тимот. Од 2016 до 2022 година, 44-годишниот специјалист беше спортски директор.