Како играч на Ница, во 2018 година италијанскиот напаѓач Марио Балотели остана во Москва, а таму сними видео на кое може да се види како го бара Владимир Путин.
Пред натпреварот со Спартак, тогашниот фудбалер на Ница се шеташе низ Москва и се снимаше како вели: „Путин, Путин, каде си Путин?“, додека неговите соиграчи се смееја.
И четири години подоцна, контроверзниот напаѓач се „присети“ на претседателот на Русија, за многумина во светот омразен лик бидејќи ја нападна Украина.
Со избувнувањето на војната во Украина, светскиот фудбал почна да се дистанцира од Русите. Локалните тимови се суспендирани од европските натпреварувања, а репрезентацијата не смее да игра квалификации за ЕП 2024.
Сепак, има многу фудбалери кои се уште ја фалат Русија и ја толерираат војната. Еден од нив е и контроверзниот напаѓач Марио Балотели
Тој објави видео на Инстаграм во кое го споредува однесувањето на американскиот претседател Џо Бајден и на Владимир Путин додека му оддаваат почит на паднатиот војник.
Il calciatore Mario Balotelli ha pubblicato un video che mostra in contrasto l’atteggiamento di Biden e Putin nei confronti dei loro eroi connazionali caduti. Il video non è durato molto,ma a giudicare dai commenti è riuscito a fare un po’ di rumore. pic.twitter.com/HisBXTpehs
— Nadia Cecchin (@cecchin1_nadia) January 29, 2024
Марио јасно го прикажува Путин во позитивно светло, бидејќи не се плаши ниту од дождот додека му оддава почит на паднатиот војник, додека Бајден гледа во својот часовник. Видеото предизвика многу реакции и негативни коментари и затоа тој мораше да се поткрепи и да го објасни својот став.
„Не се работеше за политика. Се работеше за почитување на луѓето кои загинаа. Престанете да плачете и сфатете ја поента“, објави Балотели.