Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната, ракометарите на Вардар одиграа контролен меч против Врање од Србија, што го добија „црвено-црните“ со 28:22 (15:15).
„Вардарци“ во најголем дел од средбата имаа водство, а решавачката предност беше направена во второто полувреме, кога го имаа највисокото водство 24:18 во 42 минута.
Состав на Вардар: Томовски (8 одбрани), Гогов (5 одбрани), Богдановски (1 одбрана), Петриќ 6, Лазаревски, Јагуриновски 4, Мишевски, Ѓукиќ 4, Срдановиќ 3, Карапалевски 3, Николиќ, Родригез 1, Георгиевски 2, Аларов 2, Мело, Стојановски 1, Атанасовски, Ќосевски.