По подобро изведување на пенали, селекцијата на Ј. Кореја ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во четвртфиналето на Азискиот куп. Двете азиски селекции одиграа фантастичен натпревар, а по 120 минути фудбал беше 1:1. Јужна Кореја ја доби пенал-серијата со 4:2 и успеа да се протне меѓу осумте најдобри селекции во Азија.
Ова беше и своевиден дуел на селекторите, големи фудбалски ѕвезди на Италија и Германија. Манчини ја предводеше од клупата селекцијата на С. Арабија, а Јирген Клинсман е на кормилото на Ј. Кореја.
Ривал на Ј. Кореја во четвртфиналето ќе и биде Австралија.