МЗТ Скопје ја доби драмата со Шенчур (ФОТО)

187

МЗТ Скопје со победа тргна на АБА2 турнирот во Нови Сад. Актуелниот македонски првак славеше против Шнечур со 73-75 за петти триумф оваа сезона. Избраниците на Васко Атанасов по голема драма дојдоа до бодовите, во самиот финиш имаа голема среќа.

Расел е јунакот на „сино-белите“, постигна тројка за победа на шест секунди до крајот, а зад своето име запиша 17 поени исто колку и Танасковиќ, Баковиќ имаше 14 поени, Војдан 11.

Променлива игра на актуелниот македонски првак во првото полувреме. Избраниците на Васко Атанасов брзо даоаѓаа до поголема предност, но истата брзо ја губеа. Мечот го отворија со 3-10, но противникот на другата страна со серија од 8-0 дојде до водство од 11-10. Триото Танасковиќ, Војдан и Дамјан вратија за 11-17. По првата четвртина резултатот беше 13-17 во корист на МЗТ Скопје.

Во втората четвртина, во првата половина, „сино-белите“ ја имаа контролата на резултатот, поведоа со 20-30, но потоа застанаа. Следеше одговор од Шенчур од 7-0 за 27-30, кој подоцна стигна и на минус еден 32-33 и 34-35. Делалиќ со тројка на одморот зголеми на 34-48.

Кошаркарите на МЗТ Скопје одлично го отворија третиот период, по пет минути игра дојдоа до двоцифрена разлика, овој пат од плус 16 (39-55). Шенчур одговори со серија од 7-0 и намали на 46-55. Серијата ја прекина Баковиќ со тројка за 46-58. Во последната четвртина, македонскиот првак влезе со позитива од 12 поени (51-63).

Како по некоа непишано правило, ова не беше доволно за мирен финиш. Шнечур не се предаде, успеа да намали на 59-65 во 34 минута. Танасковиќ, а потоа Дамјан со два плус еден зголемија на 59-70.

Но, неизвесноста продолжи, МЗТ како на лента ги редеше грешките и промашувањата, а противникот со серија од 12-0 го врати водството после долго време 71-70, на две минути до крајот. Баковиќ погоди за 71-72. „Сино-белите“ примија лесни поени за 73-72, не го искористија нападот, па Баковиќ направи фаул, на голема среќа Муриќ не реализираше слободни фрлања. Расел успеа да погоди тројка за 73-75 на пет секунди до крајот. Муриќ ја загуби топката за голема радост во редовите на МЗТ.

МЗТ Скопје следниот меч го игра на втори февруари против Шибенка.

ПретходноПросинечки ќе биде нов селектор на Гана?
СледноАл Шабаб и официјално го потврди доаѓањето на Ракитиќ