На 45 години Двејн Чемберс се бори за место на Светското првенство во атлетика

114

Британецот Двејн Чемберс, поранешен светски и европски шампион во спринт, ќе се обиде на 45-годишна возраст да се натпреварува во шампионатот на својата земја и да избори место во репрезентацијата која ќе ја преставува земјата на Светското првенство во сала.

Чемберс истрча 6,81 на квалификациите за првенството на Велика Британија во сала на трката на 60 метри, со што обезбеди учество на првенството. Сега на шампионатот во февруари следна цел е да се обиде да истрча најмалку 6,58 и да обезбеди норма за Светското првенство во сала.

Британецот во својата кариера беше светски шампион во сала на 60 метри во Доха во 2010 година, што е врв во неговата кариера. Тој ја има и европската титула во сала, а на отворено има европско злато од Гетеборг во 2006 година во штафетата 4×100 метри. Во 2004 година беше суспендиран поради допинг, но се врати во 2006 година. Официјално се повлече од атлетиката во 2017 година, но се врати во 2019 година.

ПретходноПродолжува гол-серијата: Миовски од пенал за водство на Абердин (ВИДЕО)
СледноЦ. Звезда лесно најде „рецепт“ за Валенсија, победи и за Фенер и Олимпијакос