Потврдени пријателските средби: Во јуни на гости во Хрватска и во Чешка

266

Познати се сите контролни средби кои ќе ги одигра селекцијата на Македонија до стартот на новото натпреварување од Лигата на нации кое се игра на есен.

Новиот мандат на селекторот Благоја Милевски почнува со пријателскиот меч на 21 март и тоа против селекцијата на Молдавија. Средбата ќе се игра во познатиот турски центар Анталија, а таму на 25 март нашиот национален тим ќе ги одмери силите и со селекцијата на Црна Гора.

Во јунските термини закажани се уште два пријателски натпревари, на 3 јуни гостуваме на Хрватска во Ријека, а на 10 јуни на Чешка во Прага.

На 8 февруари Македонија ќе ги дознае противниците во Групата Ц од новото издание на Лигата на нациите.

 

ПретходноСевиља потврди разделба со Ракитиќ
СледноБрера загуби од Рух, трет пораз на подготовките во Турција (видео)