Реал има план „Б“ доколку Мбапе ги „откачи“

2335

Реал Мадрид има план „Б“ доколку пропадне трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Клубот од Мадрид ќе се насочи кон крилото на Милан, Рафаел Леао, бидејќи тој во моментов е проценет на најдобра резервна опција за „кралскиот клуб“.

Мбапе планира да донесе одлука за својата иднина во март, но од Реал не се сигурни дали тој ќе ја прифати нивната понуда или сепак е остане во Париз. Леао (24) оваа сезона одигра 26 натпревари за Милан, постигнувајќи 6 гола и 6 асистенции, па и за него е прашање дали Милан ќе биде подготвен за продажба.

Сепак, со моќна и богата понуда, „росонерите“ би можеле да му дозволат на Леао да замине на „Бернабеу“.

ПретходноЧовекот кој донесе титула на „Енфилд“ одби да биде нов директор на „црвените“
СледноПродолжува гол-серијата: Миовски од пенал за водство на Абердин (ВИДЕО)