Смилковски: Среќен сум што сум тренер на овие играчи!

80

ТФТ по голема битка е поразен на првиот меч на турнирот во Нови Сад. Тимот од Тафталиџа беше совладан од Подгорца со 88-83 за седми пораз во АБА2-лига. Македонскиот претставник има за што да жали во одреден момент водеше и со 16 поени, позитива која не успеа да ја сочува.

По дуелот, тренерот Боро Смилковски потенцира дека имаат проблем со скратена ротација.

„Честитки до екипата на Подгорица за заслужената победа, но немаше да биде заслужено и ние да го добиевме овој натпревар. Евидентно беше дека имаме кадровски проблеми. Дојдовме на овој турнир без нашиот стартен центар, веќе некое време сме без Марковски и во таа некоја ситуација и скратена ротација добро го отвориме натпреварот и мислам дека клучот за поразот беше тоа што не успеавме да го искотролираме ритамот на крајот на втората четвртина кога примивме околку 15 поени. Тука негде ја гледам причината за поразот. Тоа што морам да го кажам дека во последните десетина минути во кои останавме без некои ротации на високите позиции одигравме одлично и за тоа им честитам на играчите. За борбеноста, за пожртвуваноста, енергијата и среќен сум што сум нивни тренер. Ќе биде тешко против Суботица, но се надевам дека ќе успееме да пружиме отпор“, изјави Боро Смилковски.

ПретходноВардар се раздели со српскиот младински репрезентативец
СледноБрегалница со екстра засилување во нападот