Тебас: Ако почне Супер лигата, поднесувам оставка, шпанскиот фудбал ќе биде во колапс

250

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас вети дека веднаш ќе поднесе оставка од функцијата ако биде лансирана европската Супер лига. Од Шпанија за формирањето на оваа лига инсистираат Реал Мадрид и Барселона кои сметаат дека ќе им донесе голем финансиски бенефит и супер натпревари.

Супер лигата ја нарекувам лажна, лажна, затоа што сето тоа е лага. Тие сакаат да го претстават [извршниот директор] Бернд Рајхарт како заштитно лице на проектот – јас го нарекувам Бернд Коперфилд – но Флорентино [Перез] стои зад сето тоа. Ова е лага затоа што велат дека немаат намера да ги повредат националните лиги знаејќи дека тоа ќе го направат.

Ако [почетокот на Супер лигата] биде успешен, тогаш секако дека ќе поднесам оставка. Би си заминал бидејќи шпанскиот фудбал би се соочил со огромни финансиски проблеми. Приходите бргу ќе се намалат на половина. Не можам да продолжам со бизнис што ќе доведе до колапс и катастрофа“, рече Хавиер Тебас.

ПретходноГут-Бехрами со триумф во Кронплац, нејзин 42. во кариерата!
СледноРома се засили со шпански бек