Шенчур прв на патот на МЗТ Скопје во Нови Сад!

149

МЗТ Скопје по двата порази во низа во македонскиот шампионат се врти кон АБА2 обврските каде има една цел – да се врати повторно во елитата. Актуелниот македонски првак е на шестото место со четири победи и три порази, и шанса да напредува на турнирот во Нови Сад.

Избраниците на Васко Атанасов вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите со Шенчур, кој е во поредокот е три места зад „сино-белите“. Со победа на оваа средба, МЗТ Скопје ќе влезе сериозно во трката за четвртото место.

Двата тима до сега немаат одиграно ниту еден натпревар, ова ќе биде прва меѓусебна пресметка.

За потсетување ТФТ синоќа беше совладан од Подгорица, додека пак Пелистер утре ќе игра против Шибенка.

ПретходноБрегалница со екстра засилување во нападот
СледноПовеќе Германци го гледале финалето на ЕП отколку нивниот меч за бронза!