Македонскиот вицешампион Алкалоид славеше победа над Нексе во првиот контролен меч во рамките на подготовките во Стара Пазова. Алкалоид славеше со 29:27 (15:11). Во првиот дел се играше изедначено, се до 10:10 кога Алкалоид направи серија од 5:0 и стигна до водство од 15:10.
Во второто полувреме Алкалоид имаше и предност од 17:11, во поголем дел од овој период го одржуваше водството од шест разлика. Нексе успеа да се приближи до 21:23 и да го доведе мечот во неизвесна завршница. На крајот Алкалоид славеше.
Савревски со пет гола, Митев и Ѓорѓиев со по четири гола беа најефикасни кај Алкалоид. Утре овие две екипи ќе одиграат уште еден контролен натпревар.