Рајо и Столе загубија кај Атлетико со гол во 90. минута

133

Рајо Ваљекано е поразен на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 2:1 во меч од 20.коло на шпанската Ла Лига. Малиот состав од Мадрид беше на чекор да извлече бод од кај фаворитот Атлетико, но во финишот прими гол и беше поразен. Поведе Атлетико со гол на Реинилдо во 35 минута, а изедначи Гарсија во 42 минута.
Во 81 минута Атлетико постигна гол преку Мемфис Депај кој беше поништен поради офсајд. Сепак, во 90 минута голот на Депај беше регуларен и победнички.
На голот на Рајо беше Столе Димитриевски.

Атлетико има 47 бода на третото место на табелата, а Рајо е на 13. место со 24 бода.

ПретходноТренер повика навивач на физичка пресметка па доби отказ
СледноЛиверпул го демолира Челзи, Нуњез четири пати ја гаѓаше рамката од голот