Барселона минатата недела беше елиминирана од Купот на Кралот, а нов удар на тимот му зададе Виљареал го победи со 5-2. По овој неочекуван пораз, Чави Хернандез им соопшти на новинарите дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Во јавноста веднаш почна да се шпекулира со наследниците на младиот тренер. Секогаш има место за Пеп Гвардиола, стратег кој секој навивач на каталонскиот гигант повторно сака да го види на клупата.
Пеп многу одамна најави дека може да се врати, но во поинаква улога. Тој не заборави да му даде поддршка на Чави.
„Во разбирам во целост и ја поддржувам неговата одлука. Притисокот во Барселона е голем, не може да се спореди со ниту еден друг тим. Притисокот во Шпанија и Англија не се споредува, тоа можам да ви го потврдам од искуство. Во Сити имам такви услови какви што би посакал секој тренер. Амтосферата е одлична, а управата ме поддржува, навивачите исто.
Во Шпанија притисокот е илјада пати поголем. Англија е идеална средина за тренерите. Секако има многу натпревари и прес-конференции, но тоа е поразлично. Барселона е различна приказна. Кога си заминав од Барса земав три месеци одмор за да се опуштам, тоа беше идеално за мене и моето семејство. Не треаше долго бидејќи станав тренер на Баерн, но таа пауза ми дојде добро“, рече Гвардиола.
Според шпанските медиуми на клупата на Барселона ќе седне германскиот стручњак, Ханси Флик, а не се исклучува ни можноста за Роберто де Зерби.