Францускиот ракометар Беноа Кунку заврши во притвор поради обид за силување во ноќен клуб.
Кунку беше дел од француската репрезентација која пред неколку дена го освои европското злато победувајќи ја Данска во финалето.
„Доцна во ноќта од понеделник кон вторник, францускиот репрезентативец наводно ги соблекол панталоните и се обидел сексуално да нападне млада жена во пијана состојба“, објави L’Équipe.
Играчот на полски Кјелце бил запрен од обезбедување и го чувал до доаѓањето на полицијата. Кунку заврши во притвор, осомничен за обид за силување на 20-годишна жена.