Кам-бекот на Џоел Ембид не излезе како што планираше. Филаделфија остана без својот најдобар кошаркар во последната четвртина, откако се здоби со повреда. Сиксерси покрај ова беа поразени од Голден Стејт со 119-107.
Ембид претходно пропушти два натпревари поради повреда на коленото, а сега веќе се соочува со нов проблем. Тој се бореше за топката на теренот, наеднаш на неговото лево колено заврши Куминга. Ембид со болки го напушти теренот и не се врати, мечот го заврши со 14 поени.
Joel Embiid went to the locker room after getting tangled up with Jonathan Kumingapic.twitter.com/Jq0XuAGpPO
— Dime (@DimeUPROXX) January 31, 2024
Кари со 37 поени, 8 скока и 7 асистенции го предводеше својот тим до победа, зад него беше Куминга со 26 поени и 7 скока, додека кај поразениот состав Харис имаше 26 поени и 10 скока.
Атланта на домашен терен го совлада ЛА Лејкерс со 138-122, Бостон беше подобар од Индијана со 126-124, Њујорк славеше против Јута со 118-103, додека пак Торонто беше убедлив против Чикаго со 118-107.