Дали Дарко Чурлинов навистина знаеше во каква ситуација е Шалке кога одлучи да си замине од Барнли и да се врати во овој некогаш славен геремански клуб, повеќекратен шампион на Германија?
Имено како што пренесува новинар на германски “Скај“ на некогашниот гигант од Гелзенкирхен му се заканува згаснување. За нас ова е интересно поради македонскиот репрезентативец, но и поради фактот дека фановите на овој германски клуб се во тесна врска со фановите на Вардар.
Деновите на слава одамна се минато. Титулите кои овој клуб ги освојуваше, најчесто уште во време на Адолф Хитлер, се дамнешно минато, а сега Шалке се дави во невидени долгови.
Хорор сценариото за Шалке е ако испадне во Трета лига, а има реални шанси за тоа ако се знае дека на табелата се наоѓа едно место погоре од опасната зона во втората Бундеслига и тоа само поради гол разликата.
Шалке ако испадне не може да игра во трета лига зошто не може да добие лиценца и ќе мора прво да го смени својот статус и своето име и да почне до најнизок ранг. Така пренесува “Скај“, а тоа значи згаснување на клубот каков што сите го знаеме.
Стручниот штаб е немоќен било што да направи, играчите се бездушни и сакаат што побрзо да мине времето и да си побегнат од бродот кој тоне.
Секако дека треба прво да се види дали навистина Шалке ќе испадне и од “Цвајте“….