Манчини се извини за чудниот потег, саудиската јавност е бесна на Италијанецот!

725

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Роберто Манчини се извини за неспортскиот потег на крајот од осминафиналето на Азиското првенство против Јужна Кореја.

Пред крајот на пенал серијата Манчини отиде во соблекувалната, оставајќи го својот тим. Неговиот потег предизвика гнев кај саудиската јавност, која смета дека е неприфатливо тоа да го направи тренерот.

Во осминафиналето на азиското првенство, Саудиска Арабија загуби од Јужна Кореја со 2:4 по изведувањето пенали. Натпреварот заврши 1:1 откако Кореја израмни во деветтата минута од судиското надополнување.

„Се извинувам за ова, мислев дека е завршено. Многу сум тажен откако примивме гол во последната минута и загубивме на пенали. Не разбирам зошто беа додадени 10 минути продолжение. Како тим јасно е дека треба да се подобриме на ова ниво, имаме работа“, изјави Манчини, кој го презеде саудискиот тим во август минатата година.

ПретходноАл Шабаб и официјално го потврди доаѓањето на Ракитиќ
СледноЕмбид повторно се повреди, Куминга падна врз неговото колено (ВИДЕО)