Преодниот рок во Саудиска Арабија заврши, а тоа е добро за Реал Мадрид кој успеа да го задржи својот играч за врска Лука Модриќ. Ова се наведува на сајтот на радио станицата Кадена СЕР.
Уредникот и водител Ману Карено го изрази своето задоволство од исходот на сагата за која многу се пишуваше. Наводно, хрватскиот капитен имал богата понуда да се пресели во Саудиска Арабија и право да донесе одлука за својата иднина без мешање на клубот. Според информациите, Реал во ниту еден момент не му вршел притисок, барајќи од него да си замине, но ништо не му забранувал кога минатата година пристигнала вртоглава понуда од Саудиска Арабија.
Тој инсистираше на тоа дека негов приоритет е да остане на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи верува дека има уште најмалку две години фудбал на високо ниво во него. Иако е незадоволен и разочаран од седењето на клупата, ги одбил понудите од Саудиска Арабија и затоа не сака да оди во МЛС. Доколку Реал му понуди нов договор, беше истакнато во емисијата, Модриќ ќе го прифати.
„Иако игра помалку и иако знае дека оваа ситуација ќе продолжи, Модриќ избра да остане. Тоа беше негова одлука. Тој го заслужи правото да избере каква ќе биде неговата иднина поради сите години поминати овде и поради неговите настапи на теренот“, истакна Карено.
Тој меѓудурогото вели дека има само еден проблем што го прави под знак прашалник останувањето на Модриќ. Има договор до крајот на сезоната, во иста ситуација како и Тони Крос, но се чини дека ќе биде различен исходот од неговата и ситуацијата на Крос.
„Мадрид ќе му понуди на Крос продолжување на договорот. Изгледа дека Модриќ нема да го стори тоа“, смета Карено.