На што спадна: Боатенг во Салернитана за 400.000 евра!

2270

Некогаш во Баерн Минхен заработуваше 12 милиони евра по сезона, потоа во Лион беше платен за 5 милиони евра, а сега во Салернитана до јуни ќе игра за само 400.000 евра.

Станува збор за Џером Боатенг, некогаш еден од најдобрите дефанзивци во светот кој во 2014 беше светски првак со Германија а со Баерн Минхен освојуваше се што ќе стигнеше.

Сепак далечни се тие убави времиња за Боатенг кој има 35 години.

Тој се надеваше дека ќе добие повик од Баерн Минхен, но не го дочека и се договори со Салернитана, еден од најслабите тимови во Серија А.

ПретходноНема да го гледаме „Последниот танц“ Роналдо-Меси
СледноТони Крос се враќа во репрезентацијата на Германија?!