Нови Сад шанса за Пелистер да го прекине „постот“ на Јадранот!

63

Пелистер денеска ќе го отвори новиот ден на возбудувања во Нови Сад, каде се игра новиот „балон“ во АБА2-лига. Македонскиот тим последен пат запиша два порази, а имаат низа од три, па избраниците на Дарко Радуловиќ ќе ја бараат третата победа во ова друштво.

Ако гледаме според поредокот на табелата, битолчани се благ фаворит, бидејќи за противник го имаат фенерџијата, Шибенка, кој има само една победа, исто колку и ТФТ. Мечот меѓу Пелистер и Шибенка е закажан во 15 часот.

На сцена по ден пауза и поразот од Подгорица се враќа тимот од Тафталиџе. И овој пат ќе има тешка задача, игра портив третопласираниот состав на Суботица, дуелот стартува во 18 часот.

ПретходноВо неделата освои злато со Франција, а ден подоцна е уапсен поради обид за силување
СледноАлкалоид во Стара Пазова на „тест“ со Нексе